Севилја во возбудлив меч со 3:2 го победи Реал Сосиедад и не дозволи клубот од Баскија да се искачи на првото место на табелата во шпанската Ла лига.
Сосиедад уште во четвртата минута дојдоа во водство преку Микел Ојарзабал, но тимот на Хулен Лопетеги успеа да израмни преку Нолито десетина минути подоцна. Во второто полувреме, Окампос во 47. минута го комплетираше пресвртот за 2:1 водство на домашниот тим, пред во 80. минута Васкез да зголеми на 3:1. Порту во 87. минута им даде надеж на гостите дека можат да се вратат барем за реми, но немаше време за уште еден гол.
Со поразот, Сосиедад останува на 5. место на табелата со 13 поени, колку што има и четвртопласираната Барселона и сега Севилја на шестото место. Реал Мадрид останува лидер со 15 поени, пред Гранада и Атлетико Мадрид со 14 во неовообичаено тесната трка по седум кола.
ЛА ЛИГА, 7.КОЛО
Еспањол – Валјадолид 0:2
Еибар – Селта 2:0
Алавес – Мајорка 2:0
Леванте – Осасуна 1:1
Севилја – Реал Сосиедад 3:2