Top Sport

Севилја во последните пет минути ја „скрши“ Селта

Севилја ја победи Селта со 4:2, во 10.коло во Ла Лига. Севилја со четвриот триумф се искачи на седмото место на табелата, додека Селта со само една победа е претпоследна.

Натпреварот на „Рамон Санчез Писхуан“ беше решен во последните пет минути. До 85 минута резултатот беше 2:2.

Натпреварот добро започна за Севилја, во петтат минута Кунде го совлада Рубен Бланко. Селта успеа да направи пресврт преку своите најдобри играчи, Јаго Аспас израмни во 10., а Нолито погоди за 1:2 во 36.минута.

До крајот на полувремето, во втората минута од судиското надополнување, Ел Несри успеа да израмни.

На третиот гол се чекаше до 85 минута, кога Ескудеро упати удар, топката закачи еден од играчите на Селта и заврши во голот. Две минути подцна иста ситуација, само што овој пат стрелец беше Ел Хадади.

Scroll to Top