Top Sport

Сезоната во Ла Лига започна со 0-0, Гранада прва стигна до победа!

Екипата на Гранада е тимот што прв ја почувствува сласта на победата во новата сезона на шпанската Ла Лига. Гранада славеше со 2-0 против екипата на Атлетик Билбао, во вториот денешен меч, од првото коло.

Иако домаќините имаа повеќе од играта во првото полувреме, сепак погодоците ги постигнаа во вториот дел.

Најпрво Ерера во 49. минута од натпреварот донесе водство од 1-0, а конечните 2-0 беа дело на Луис Милја во 53. минута.

Во првиот натпревар од сезоната, немаше погодоци. Еибар и Селта поделија по бод и двете екипи повеќе внимаваа да не загубат отколку да тргнат по победата.

Сега започнува последниот денешен дуел од ова коло, Кадиз – Осасуна.

Scroll to Top