Top Sport

Шабанаџовиќ открива: Реал дојдоа по Просинечки, тој запали цигара пред нив!

Роберт Просинечки несомнено беше еден од најталентираните фудбалери во последните години на поранешна Југославија, освојувајќи ја европската титула со Црвена звезда, но многумина уште му „пререкуваат“ за неговата неверојатна страст за цигарите.

Неговиот поранешен соиграч од Звезда, Рефик Шабанаџовиќ, открива дека цигарите му биле проблем и кога бил фудбалер, додавајќи дека тој ладнокрвно си запалил цигара пред челниците на Реал Мадрид кои во 1991 година дојдоа во Белград да преговараат за договор.

„Бев со Роби во ’Хајат’ кога по него дојдоа луѓето од Реал, и он студено пред нив си пуши цигари. Пушеше две-три кутии дневно и тоа не беше многу професионално. Роби беше ’поим’ за излегување во град, но сега како тренер е сменет. Многу работи и многу е поозбилен“, вели Шабанаџовиќ.

Просинечки, сепак, потпиша за Реал Мадрид во 1991 година и остана таму до 1994 година, по што замина во Реал Овиедо, а потоа играше и за Барселона, Севилја и Динамо Загреб.

Страста за цигарите не го напушти, и сега на позицијата на селектор на Босна и Херцеговина, тој го искористи полувремето од неодамнешниот меч против Северна Ирска.

Кога не можеш да се воздржиш – Просинечки веднаш со цигарата!

Scroll to Top