Top Sport

Шахтјор бараат 65 милиони фунти од Арсенал за Мудрик

Арсенал имале „позитивни“ преговори со ѕвездата на Шахтјор Доњецк, Михајло Мудрик, тврди Фабрицио Романо, но украинскиот клуб ја зголемил цената за фудбалерот од средниот ред и сега бараат 65 милиони фунти за негов трансфер.

„Топчиите“ во текот на летото беа заинтересирани за 21-годишниот Мудрик, кога Шахтјор бараа „само“ 45 милиони фунти, а потоа го загубија договореното засилување од Лидс, Рафиња, кој се реши за трансфер во Барселона.

Мудрик, кој иронично играше за тим под име Арсенал Киев на почетокот на својата кариера, има 7 гола во 14 настапи оваа сезона, влучувајќи три гола во Лигата на шампионите.

Scroll to Top