Top Sport

Шаќири ги одбил Јунајтед за да работи со Клоп

Швајцарскиот весник „Блик“ тврди дека Џердан Шаќири имал повеќе понуди од тимови во Премиер лигата, вклучувајќи го и Манчестер јунајтед, но дека решил да отиде во Ливерпул поради желбата да работи под Јирген Клоп.

Самиот швајцарски репрезентативец по доаѓањето во Ливерпул призна колку го почитува својот нов шеф.

„Секогаш сум гледал со почит кон Јирген Клоп, бидејќи игра фантастичен фудбал, а исто така е и фантастична личност. За мене беше многу важно да работм со него и со луѓе кои имаат идеи за фудбалот. Му се допаѓам како фудбалер, и знам дека не ме зема само бидејќи сум симпатичен“, изјави Шаќири.

Тој дојде во Ливерпул за 13 милиони фунти од Стоук сити, откако тие испаднаа од Премиер лигата. За Стоук, Шаќири одигра 92 натпревари, постигна 15 гола и имаше 15 асистенции. 26-годишниот Шаќири го чека тешка борба за место во првиот состав, бидејќи пред него ги има Садио Мане и Мохамед Салах, така што најверојатно ќе има „помошна“ улога како во мечот од првото коло против Вест хем, кога влезе како замена.

Scroll to Top