Фудбалерот на швајцарската репрезентација и на Ливерпул, Џердан Шаќири не беше со „црвените“ на мечот со Црвена звезда овој месец, откако тренерот Јирген Клоп реши да го остави на страна, сѐ за да се избегнат инциденти.
Шаќири ги налути Србите на СП во Русија, кога по постигнатиот гол против Србија, го покажа албанскиот орел, и сигурно неговото доаѓање на „Рајко Митиќ“ ќе беше пречекано бурно. Сега, Шаќири вели дека имало „искри“ и на првиот меч меѓу Звезда и Ливерпул на „Енфилд“.
„Слушнав како ми ја пцуеја мајката додека стоев покрај теренот. И мојот тако беше на стадионот и слушна сѐ. Ја сфаќам одлуката да не одам во Белград, иако сакав да помогнам на тимот“, вели Шаќири.