Top Sport

Шалке доминираше против Падерборн, „студен туш“ за Хофенхајм (видео)

Новиот бундеслигаш Падерборн почна храбро против Шалке во мечот од четвртото коло од Бундеслигата, доаѓајќи во водство уште во осмата минута, но на крајот домаќините доживеаја тежок 1:5 пораз од расположените гости.

Коли Оливеира Соуза успеа да го совлада Александер Нубел на задоволство на домашните навивачи на „Бентелер арената“, меѓутоа гостите до крајот на полувремето успеаја да израмнат преку Салиф Сане. Во второто полувреме, Шалке доминираше и постигна четири гола – Сердар (49), Харит (71, 85) и Кутучу (83) донесоа победа за тимот од Гелзенкирхен.

Во вториот денешен меч од Бундеслигата, Хофенхајм доживеа незгоден 0:3 пораз од Фрајбург, кои имаат одличен старт на сезоната со три победи и еден пораз во четири кола.

Scroll to Top