Фудбалскиот клуб Шалке официјално ја прекина соработката со руската компанија „Гаспром“. Клубот соопшти дека ова нема да влијае врз финансиското работење на клубот. Шалке и „Гаспром“ беа партнери од 2007 година. Договорот, додека клубот се натпреваруваше во Бундес лигата беше тежок околу 30.000.000 евра на годишно ниво.
Откако Шалке ја објави веста дека на дресот повеќе нема да стои логото на руската компанија, навивачите ја „нападнале“ клупската он-лајн продавница.
„Поради побарувачката за специјалниот дрес, клупската он-лајн продавница во моментот го достигна максималниот капацитет“, објави Шалке на социјалните мрежи.
Шалке го прекина договорот со „Гаспром“ поради руската инвазија врз Украина.