Фудбалскиот клуб Шалке ќе ја раскине соработката со ветеранот Ведад Ибишевиќ. Поранешниот репрезентативец на БиХ, во летниот преоден рок потпиша договор со шалке до крајот на сезоната. Ибишевиќ, вчера, предизвикал инцидент на тренингот, физички се пресметал со помошникот тренер, Налдо.
„И јас и Ведад имавме различни очекувања од неговиот настап во дресот на Шалке. Сметаме дека е подобро да ја прекинеме соработката и да се разделиме во добри односи. Долги години го познавам Ведад, го ценам како играчи и човек. За жал овде во Шалке не успеа“, рекол спортскиот директор на клубот Јохен Шнајдер.
„Би сакал да потенцирам дека инцидентот што се случи во текот на тренингот нема врска со одлуката што ја донесовме“, дополнил Шнајдер.
Спортскиот директор потврдил дека поради недисциплина клубот ги суспендирал Амине Харит и Набил Бенталеб.