Top Sport

Шалке има една победа и четири сменети тренери

Ситуацијата во славниот германски клуб Шалке е на најниското можно ниво, откако Кристијан Грос стана четвртиот тренер кој доби отказ од тимот од Гелзенкирхен, овојпат само по 63 дена, а со него си замина и спортскиот директор Јохен Шнајдер, тврди германскиот „Скај“.

Ова доаѓа само еден откако Штутгарт ги декласираше со 5:1 и по вчерашните вести дека фудбалерите на клубот кој речиси сигурно патува во „Цвајте“ следната сезона се побуниле против швајцарскиот тренер Грос.

Со ова се продолжува неверојатната 2020/21 за Шалке со четири смени на тренери. Давид Вагнер доби отказ по само два меча од сезоната, а на негово место дојде Мануел Баум. Во декември и Баум беше сменет за да се врати легендарниот Хуб Стевенс, но тој беше „преоден“ тренер за само еден меч, за на крајот да се донесе Грос.

Грос успеа да стигне до една победа, 4:0 триумфот над Хофенхајм на почетокот на јануари, со што успеа да спречи Шалке да го подобри неславниот рекорд на Тасманија Берлин од 31 меч без победа во Бундеслигата. Со само 9 поени во 23 меча, „кралските сини“ се на девет поени од 16-тото место на табелата.

Scroll to Top