Германскиот второлигаш Шалке имаше бурен викенд, откако прво го отпуштија тренерот, Димитриос Грамозис по 3:4 поразот од Ханза Рошток, а потоа објавија дека имаат нов спонзор на дресовите по раскинувањето на долгогодишната соработка со рускиот енергетски гигант „Газпром“.
Клубот од Гелзекирхен се реши на раскин со „Газпром“, со кои имаа соработка од 2007 година, поради војната во Украина, а сега до крајот на сезоната на дресовите ќе ги промовираат „VIVAWEST“, германска компанија за градежништво.
„Тоа што најдовме нов партнер толку бргу е позитивен знак до нашите фанови и партнери и помага во финансиското планирање на средни патеки“, изјави членот на бордот на клубот, Кристина Рул-Хамерс.
#S04-Update: Dimitrios Grammozis ist ab sofort freigestellt, gleiches gilt für seinen Assistenten Sven Piepenbrock sowie Torwarttrainer Wil Coort.
Mehr dazu auf https://t.co/tgdrSrMRHZ ⤵️
— FC Schalke 04 (@s04) March 6, 2022