Top Sport

Шалке нема пари да го откупи Чурлинов

Шалке и Штутгарт не успеаја да се договорат околу трансферот на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов.

Чурлинов, минатата сезона ја мина како позајмен играч во Шалке. Имаше важна улога во тимот кој експресно успеа да се врати во Бундес лигата.

Шалке има желба, но нема пари да го задржи Чурлинов. Штутгарт бара за Македонецот 3 милиони евра, согласни повторно да го позајмат, но потоа Шалке ќе мора да го откупи неговиот договор.

Сега е неизвесно каде Чурлинов ќе настапува во новата сезона. Извесно е само дека тој ќе се врати во Штугтарт.

Scroll to Top