Бундеслигашот Шалке се врати на тренинзи за да се оддржи физичката подготвеност на нивните фудбалери во период на изолација поради корона вирусот, но тренинзите изгледаа помалку чудно, бидејќи се работи само во двојки.
Фотографиите од тренингот изгледаат сосема чудно, бидејќи фудбалерите беа „раштркани“ на отворен простор и соработуваа само со уште еден партнер на тренирањето на дриблинг и на работата на нозете.
Шалке се обидува да ја оддржи формата на фудбалерите во случај да се врати Бундеслигата наскоро, бидејќи се на шестото место на табелата и со добри шанси за европски фудбал. Во Германија има 72.914 случаи на корона вирусот и 793 мртви.