Top Sport

Шампионски меч на Баерн против соседите Аугзбург (видео)

Баерн Минхен ја потврди шестата титула во низа во германската Бундеслига, откако со 4:1 ги совладаа соседите Аугзбург за да се продолжи доминацијата во националниот шампионат.

По враќањето на Јуп Хајнкес на чело на клубот во октомври, Баерн „гази“ во Бундеслигата и сега има точно 20 поени предност пред второпласираните Шалке, кои подоцна гостуваат на Хамбургер. Колку се доминантни Баварците најдобро зборува нивната гол разлика во шампионатот – 76:21.

Ова е рекордна 28. титула за Баерн во Германија, со што остануваат убедливо најтрофејниот германски клуб, бидејќи втор на вечната листа е Нирберг со само девет титули, од кои последната ја освоија во 1967/68.

Сепак, работите не стартуваа најдобро за гостите, откако Никлас Зуле си постигна автогол откако топката се одби од неговото лице и зад грбот на Улрајх. Петнасетина минути подоцна, Баерн израмни преку Корентин Толисо, кој остана сам пред голот на домашниот тим, а само шест минути подоцна Хамес Родригез донесе водство по одлична акција. Во второто полувреме, победата беше потврдена преку Робен во 62. минута и Сандро Вагнер во 87. минута.

Фото: ЕПА

БУНДЕСЛИГА, 29.КОЛО

Аугзбург – Баерн 1:4

Борусија Менхенгладбах – Херта 2:1

Келн – Мајнц 1:1

Фрајбург – Волфсбург 0:2

Scroll to Top