Седум победи, две нерешени и дури 29 порази – ова е епилогот на Шефилд Јунајтед во оваа сезона во Премиерлигата. Собрани само 23 бода на 38 меча.
Затоа, челниците на клубот кој наредната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип го ангажираа српскиот тренер Славиша Јокановиќ кој ќе треба тимот да го врати во елитната конкуренција.
Јокановиќ со Шефилд потпиша тригодишен договор.
Во играчките денови Србинот најголемите успеси ги постигна во дресот на Војводина, Партизан и Депортиво Ла Коруња, а додека беше на чело на Вотфорд, односно Фулам успеа тимовите да ги внесе во ПЛ.
Најголем дел од кариерата помина во малиот лондонски клуб, а последниот ангажман му беше во катарски Ал-Гарафи.