Top Sport

Шефовите на Јунајтед патуваат во Барселона за последен обид за Френки де Јонг!

Иако повеќе англиски извори претходно тврдеа дека Манчестер јунајтед веќе се откажале од можноста да ја донесат првата мета на Ерик Тен Хаг, Френки де Јонг во клубот, шефовите на „ѓаволите“ ќе отпатуваат во Барселона за нови преговори, тврди холандскиот „Де Телеграф“.

Сагата околу холандскиот фудбалер од средниот ред трае цело лето, откако каталонскиот клуб првично се согласи да го продаде на Јунајтед, но самиот Де Јонг одби ваков трансфер и останува сигурен дека ќе остане во Каталонија. Барса му должи 20 милиони евра во претходни плати на Холанѓанецот, што претставува главна пречка за било каков договор.

Scroll to Top