Top Sport

Шефовите на Манчестер јунајтед веќе „спремиле“ средства за Хери Кејн

Шефовите на Манчестер јунајтед веќе одредиле 80 милиони фунти за да го купат Хери Кејн од Тотенхем во текот на летото, тврди британскиот „Дејли мирор“.

29-годишниот Кејн подолго време е поврзуван со Манчестер јунајтед, а шансите се зголемија по отказот кој го доби Антонио Конте. Минатото лето, Манчестер сити беа подготвени да го купат Кејн, но Тотенхем реши да не го продава, по што се решија за Ерлинг Халанд. Договорот на Кејн завршува во 2024 година, и тој најверојатно нема да го продолжи договорот, оставајќи му на клубот последна шанса да заработи од него.

„Мирор“ додава дека Ерик Тен Хаг го има Кејн како прва цел да се реши проблемот во нападот на клубот по заминувањето на Кристијано Роналдо, и се надеваат дека ќе ја победат конкуренцијата со брза понуда за англискиот капитен.

Scroll to Top