Top Sport

Шегобиецот Де Рон: Ова на Меси никогаш не му се случило

Мартен де Рон, фудбалерот на Аталанта и репрезентацијата на Холандија е еден од омилените играчи во светот на фудбалот.

Де Рон често ги користи социјалните мрежи да се пошегува со колегите фудбалери, а често прави шеги и на сопствена сметка. Во минатото мета му биле Златан Ибрахимовиќ и Хари Мегваер, а во последното видео се шегува на своја сметка.

Де Рон им ветил на првите тројца навивачи кои ќе го купат неговиот дрес, дека ќе плати за дресот и ќе се потпише на него. Времето тече, Де Рон пие кафе, мести сложувалка, отвора пасијанс, спие, а потоа продавачот му вели дека треба да си оди бидејќи треба да го затвори фан шопот на Аталанта.

„Можам да се обложам дека ова на Меси никогаш не му се случило“, напишал Де Рон.

Погледнете го духовитото видео.

Scroll to Top