Top Sport

Шехиќ им се извинуваше на навивачите на БиХ: Отсега вие ќе ги казнувате играчите

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина, доживеа дебакл во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Босанците освоија само седум бода, во конкуренцијата на Франција, Украина, Финска и Казахстан и завршија како претпоследни во групата.

БиХ имаа шанса да изборат бараж, меѓутоа не успеаја, како домаќини да освојат ниту бод во последните два натпревари. Против Финска имаа пенал и играч повеќе и загубија со 1:3, додека синоќа против Украина беа поразени со 0:2.

Изминатите денови, покрај лошите резултати во центарот на вниманието е Миралем Пјаниќ. Играчот на Бешикташ со свирежи беше испратен во соблекувалната по мечот со Финска.

Пјаниќ, до раните утрински часови бил излезе пред дуелот со Финска, видео снимки се појавија во јавноста. Поради недисциплината Пјаниќ не беше во конкуренција за дуелот со Украина.

По поразот од Украина, пред навивачите на националниот тим излезе голманот Ибрахим Шехиќ.

„Ќе направиме правилник, секој што ќе го прекрши ќе дојде пред вас и заедно ќе му одредиме казна. Нема повеќе излегувања, пиење кафиња, нема ни мајките да ги посетуваме додека не ја вратиме репрезентацијата на вистинскиот пат. Тоа можам да ви го ветам. Треба да ги поддржите овие млади момци“, им порачал Шехиќ на навивачите.

Scroll to Top