Top Sport

Шеикот Менсур добива ортаци – Американци вложуваат 500 милиони долари во Сити

Американската фирма „Silver Lake” ќе инвестира 500 милиони долари во фудбалскиот клуб Манчестер Сити, пишуваат денеска медиумите на Островот.

Информациите се дека фирмата ќе откупи 10% дел од сопственикот на „граѓаните“, шеикот Менсур откако целата вредност на шампионот во Премиерлигата се проценува на околу 4,8 милијарди долари.

„`Silver Lake` е глобален лидер во инвестирање во технологијата. Воодушевени сме од нивното вложување во клубот и можноста за понатамошен раст што го носи нашето партнерство“ изјави еден од функционерите во Сити, Калдун Ал-Мубарак.

Манчестер Сити од година во година се повеќе расте и во финансиска смисла се повеќе се доближува до Манчестер Јунајтед (на Глејзер) и Челси (на Абрамович). Неодамна „граѓаните“ ја известија јавноста за рекордниот профит од 535,2 милиони фунти заработка во 2018 година.

Челниците на клубот од Манчестер истакнуваат дека веќе петта година во низа клубот ја завршува годината во плус.

Scroll to Top