Ласе Шене најискусниот играч на Ајакс го напушти Амстердам и реши кариерата да ја продолжи во Џенова. Соиграч таму ќе му биде Горан Пандев.
Преговорите помеѓу Џенова и Ајакс траеле два месеци. Шене со клубот ќе потпише две годишен договор, а Ајакс од трансферот заработил 1,5 милиони евра.
Во Џенова Шене ќе има годишна плата од 1,8 милиони евра. Во кариерата играч и за НЕЦ односно Де Графшап.