Top Sport

Шерингам: Кејн има повеќе шанси за титула со Тотенхем отколку со Манчестер јунајтед

Теди Шерингам, поранешниот англиски напаѓач кој го направи трансферот од Тотенхем во Манчестер јунајтед вели дека Хери Кејн тешко ќе ја одбие понудата од „ѓаволите“, но дека поголеми шанси за титула има ако остане во Лондон.

28-годишниот Кејн беше поврзуван со трансфер во Манчестер сити минатото лето, но сега повторно се појавија шпекулации за трансфер во црвениот клуб од Манчестер, нешто што Шерингам го направи во 1990-тите.

„Ако сте навивач на Јунајтед, секако сакате тој да дојде кај вас. Ако Хери Кејн е достапен, тогаш сите клубови на светот би сакале да го добијат. Иако Манчестер јунајтед стануваат помалку атрактивна дестинација за врвните фудбалери, уште се работи за голем клуб со голем магнетизам. Ако дојдат, ќе биде тешко да ги одбие, дури и да не играат во Европа. Тешко е да се каже не на Манчестер јунајтед. Тен Хаг има тешка задача пред него, така што би кажал дека Тотенхем имаат поголеми шанси за освојување трофеи од Манчестер јунајтед во моментов. Кејн побргу би освоил титула со Антонио Конте отколку во Јунајтед во моментов. Да сум во Јунајтед во моментов би ги земал Кејн и Деклан Рајс, бидејќи им е потребен таков играч. Тоа се двајцата најдобри англиски фудбалери“, вели Шерингам.

Scroll to Top