Лајпциг со вкупни 4:0 го елиминира Тотенхем во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Реваншот пред своите навивачи фудбалерите на Лајпциг го добија со 3:0.
Жозе Мурињо тренерот на Тотенхем ја продолжи црната низа во нокаут-фаза во Лигата на шампионите. Португалецот последен пат пред шест години успеал да забележи победи во елиминационата фаза. Во 2014 година Челси во четврт-финалето го елиминираа Пари Сен Жермен.
Од тој меч и триумфот 2:0, Мурињо со своите екипи не победил никого. Подоцна во полу-финалето Челси беа елиминирани од Атлетико Мадрид (реми во Мадрид 0:0 и пораз во Лондон 3:1).
Наредната сезона Челси испаднаа во нокаут-фазата без да забележат победа во дво-мечот со ПСЖ.
Истото му се случи кога ги предводеше Манчестер Јунајтед, без победата остана во дуелите со Севилја, а низата ја продолжи и со Тотенхем против Лајпциг.