Шестгодишниот Арат Хосеини од Иран, е момче кое пред една недела стана хит на социјалните мрежи, поради неговото видео (во дрес на Лео Меси) во кое направи дури 3.000 жонглирања со топката, но и поради неговите неверојатни стомачни мускули.
Малиот Арат стана ѕвезда уште во 2017 година, откако се појавија снимки како се качува на триметарски ѕид и тој има дури 3.9 милиони следбеници на Инстаграм, по што му прати порака на Меси велејќи дека кога ќе порасне сака да игра за Барселона. Меси на ова одговори со: „Благодарам Арат, имаш класа. Прекрасно“.
Неговиот татко признава дека од најрана возраст го подготвува својот син да биде фудбалер (или бодибилдер).
„Сонува за фудбал секоја вечер и се споредува само со Меси. Секогаш вели дека сака да биде како него кога ќе порасне“, вели таткото.