Top Sport

Шесто засилување за Вест хем – го купија Керер од ПСЖ

Вест хем го потврдија трансферот на германскиот дефанзивец Тило Керер од Пари Сен-Жермен, давајќи му четригодишен договор во зделка која ги чини над 10 милиони фунти.

25-годишниот Керер ќе треба да биде замена за уште едно ново засилување, Најеф Агуер, кој се повреди пред стартот на премиерлигашката сезона, а Иса Диоп си замин во Фулам.

„Ова е најдобрата лига во светот и воздубден сум што конечно ќе играм во Премиерлигата. Зборував со менаџерот и тој ме увери дека добро ќе се вклопам во тимот. Ќе уживам во играта со овој дрес“, вели Керер.

Scroll to Top