Украинскиот селектор Андриј Шевченко вели дека неговата љубов кон Милан ќе биде вечна, бидејќи тоа е клубот кој му ја овозможил прекрасната кариера.
43-годишниот Шевченко помина седум сезони на „Сан Сиро“ пред да замине за Челси и Динамо Киев пред пензијата во 2012 година.
„Црно и бело, овие бои секогаш ќе бидат во моето срце. Тоа се боите на клубот кој ми даде толку многу, клубот кој ме направи шампион во Лигата на шампионите. Милан ме следеше две години пред трансферот, а тогаш популарноста на италијанскиот фудбал беше неверојатна и надвор од Италија. Имав 22 години и бев подготвен да се тестирам во најсилната лига на светот против најдобрите. На почетокот не беше лесно, тогашниот тренер Алберто Ѕакерони ми помогна многу, со неговата фудбалска интелигенција“, вели Шевченко во интервју за официјалниот веб-сајт на Милан.
Шева го покажа својот талент во епското 4:4 реми со Лацио, каде што постигна хет-трик на „Олимпико“.
„Беше фантастично што станав најдобар стрелец во лигата во првата сезона. Втората сезона беше тешка бидејќи имаше промена на тренерот, но и покрај тоа што дадов 24 гола не освоивме ништо. Годината кога станавме шампиони во 2003/04 беше помеѓу Јувентус, Милан и Рома. На сред сезона бевме седум-осум поени зад Рома и победата таму беше клучна. Да се освои скудетото на ’Сан Сиро’ против Рома беше навистина незаборавен ден. Кога ја освоив ’Златната топка’ по Лигата на шампионите беше апсолутно најдобриот момент во кариерата. Милан е мојот втор дом и секогаш ќе ја паметам врската со навивачите и со Италијанците“, вели Шевченко.
?⚫️ @jksheva7 – “Red and black, these colours will always be in my heart” ❤️
The King from the east reminisces about his time with us ?
Sheva ha ripercorso i momenti più belli della sua carriera ?#SempreMilan pic.twitter.com/Bf3EVqGBOP— AC Milan (@acmilan) April 2, 2020