Фудбалерот на Славија од Прага, Петр Шевчик, рекол дека до крајот на животот ќе се сеќава на синоќешниот натпревар против Челси на „Стенфорд Бриџ’. Челси ја победија Славија со 4:3, а Шевчик постига два гола за чешкиот тим.
„Ова за мене беше едно големо искуство. Јас сум долгогодишен навивач на Челси, го остварив сонот. Играв на Стенфорд Бриџ и постигнав два гола“, рекол 24 годишниот фудбалер кој во јануари од Либерец ја засили Славија.
Еден од двата гола што ги постигна Шевчик ќе најде место меѓу петте најубави голови постигнати оваа недела во Европа.