Арсенал синоќа претрпе нов пораз во Премиерлигата, овојпат од Евертон со 2-1. Со тоа „топчиите“ го остварија најлошиот старт во една сезона во последните 46 години.
Момците на Микел Артета изгледаат потполно загубено и се наоѓаат на 15-тата позиција на табелата во Премиерлигата со само 4 бода повеќе од зоната за испаѓање.
Во студиото на „ББС“ синоќа гостуваше легендата на англискиот фудбал Алан Ширер кој одговараше на прашањето – Дали Арсенал ќе остане во лигата?
„Навистина не сум сигурен. Со овој почетен состав и со таков пристап кон играта – нема. Ужасни се. Нема креативност, играчите не се трудат, не си помагаат едни на други. Артета мора да се запраша дали може да се потпре на овие играчи. Пепе против Евертон `трчкаше`, а на моменти и одеше. Тука има доста играчи кои воопшто не играат за својот тренер. Со ваква игра сигурно нема да се спасат“ рече Ширер.