Top Sport

Ширер: Погба не може ни врвките да им ги врзува на некои големи имиња

Легендарниот англиски голгетер, Алан Ширер, упати жестоки критики на адресирани до Манчестер јунајтед, поради се она што изминатите денови се случува во славниот клуб. Секојдневните проблеми, најчесто оние на релација Жозе Мурињо-Пол Погба, ги полнат страниците на спортскиот печат во Англија.

Ширер предупредил дека скандалите го рушат имиџот на клубот што имал „највисоки морални вредност и стандарди“.

„Не е виновник само Мурињо. Морам за една работа да ги прашам и другите. Вака никогаш не било кога јас започнав да тренирам, моќта ја имаа клубовите и тренерите. Сега целата моќ е кај играчите. Пол Погба е најскапото засилување во историјата на Манчестер јунајтед. Сега размислете малку, колку големи фудбалери играле за овој клуб. Иако е светски шампион, не може ни врвките да им ги врзува на некои големи имиња во историјата на „Олд Трафорд“. Беше патетичен против Вест Хем, толку беше лош што Мурињо мораше да го извади од игра. Не направи ништо на теренот“, изјавил за „Сан“, стрелецот на 260 гола во Премиер лигата.

„Ако му е намерата да му намести отказ на тренерот, тогаш во тоа е подобар отколку во играњето фудбал, а ниту неговите соиграчи не се ништи подобри. Каде е Алексис Санчез? За него се ‘тепаа’ за да го купат пред градскиот ривал, буквално му го украдоа на Пеп Гвардиола. Ситуацијата околу него е збир на се она што е лошо во Јунајтед. По низата лоши натпревари не беше ниту на клупата против Вест Хем. не ниту блиску до нивото на кое што беше во Арсенал и морате да се запрашате зошто е тоа така. Идејата на Сити да се откаже од неговиот трансфер изгледа била добра. Квалитетен менаџер со неверојатно ЦВ не заслужи вакво нешто“, рекол Ширер.

Сепак, поранешниот капитен на англиската репрезентација, ги критикувал и португалскиот менаџер.

„Дали кај него нема вина? Секако дека не е така, што тој по ѓаволите тактички направи во поразот 3:1 од Вест Хем. Го стави младиот играч од редот за врска Мектоминеј да игра во одбраната, а Баи го остави на клупата. Доколку сакате да кажете дека не сте успеале да купите добар дефанзивец во преодниот рок, постои подобар начин од жртвување на три бода. Мурињо е тој што го донесе Баи, тој го донесе и Линделоф, ниту еден од овои двајца не играше. Мислам дека не е добро на тој начин да се води натпревар, но во прашање е уште еден чин од драмата во Манчестер јунатед“, заклучил Ширер.

Scroll to Top