Англиската фудбалска легенда Алан Ширер вели дека Маркус Рашфорд мора да замине од Манчестер јунајтед ако сака да стане „голем голгетер“.
20-годишниот Рашфорд е во Јунајтед од далечната 2005 година поминувајќи низ јуниорските школи на клубот, пред да добие шанса во првиот тим во 2015/16 во ерата на Луис ван Гал. Оттогаш тој се промовираше во класа-фудбалер, меѓутоа под Жозе Мурињо тој игра повеќе како крило, отколку како чист напаѓач и минатата сезона не добиваше многу шанси. Ширер, вели дека во Јунајтед тој нема да ја добие шансата.
„Додека Ромелу Лукаку е фит, Маркус нема да добие стартно место на ’Олд Трафорд’. Додека Жозе Мурињо е менаџер, нема да има двајца напаѓачи напред. Дури и Лукаку да не игра, би се обложил дека Алексис Санчез ќе добие шанса во средина и напред. Времето не е нешто што фудбалерите го имаат како луксуз. Не велам дека треба да замине од Јунајтед, бидејќи тоа е голем клуб. Но, ако има амбиција да биде голем напаѓач, тоа нема да се случи таму“, вели Ширер.