Алан Ширер искрено ги кажа своите чувства околу Манчестер јунајтед и шансата да играше за славните „ѓаволи“.

Сер Алекс Фергусон двапати се обиде да го донесе легендарниот англиски голгетер на „Олд Трафорд“, прво додека беше фудбалер на Саутемптон, а потоа пред да замине од Блекбурн во Њукасл.

Кога на Твитер еден од неговите фанови го запраша: „Едноставно прашање, дали некогаш си помислуваш: ’Што ќе се случеше да потпишев за Манчестер јунајтед?’. Ти благодарам“, Ширер беше суров.

„НИКОГАШ! Не можев да ги трпам тогаш, и не ги трпам ниту сега“, одговори Ширер.