Top Sport

Шкендија го „прегази“ младиот Вардар за пласман во полуфинале

Вардар беше елиминира во четврт-финалето на Купот на Македонија, откако во вториот меч од четврт-финалето, загуби со 4:0 во Тетово од Шкендија благодарение на хет-трикот на Бесарт Ибраими. Бидејќи првиот меч во Скопје заврши 1:1, Шкендија оди меѓу осумте најдобри.

Вардар, кој влезе во конфликт со ФФМ поради тоа што Шкендија не беше казнета што одигра едно полувреме без играч под 21 година, повторно играше со мнозинство фудбалери од младата школа, иако во клубот Чедомир Јаневски овојпат ги внесе и Тошевски, Новак, Битанг и Барсегјан.

И покрај високиот пораз, тренерот на Вардар, Јаневски воопшто не беше разочаран.

„Добро се држевме првите 45. минути со овој комбиниран тим кој го изведовме денеска во Тетово. После се случуваа индивидуални грешки, и тука имавме проблеми. Имавме проблем и по страничните позиции. Не можам да замерам, играчите го дадоа максимумот и колку што можеа. Овој тим како денеска не може да се носи со овој предизвик. Не се виновни играчите, иако сметам дека уште многу да се работи. Ова треба да биде и поука за нив против една ваква искусна екипа која игра неколку години заедно. Не треба сега да се фрла со дрва и камења по фудбалерите, туку да биде школа за нив понатаму.“, изјави Јаневски.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ, 

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4:0

вкупен резултат: 5:1

Scroll to Top