Top Sport

Шкендија и Шкупи на гости во Азербејџан, Ренова во Ерменија

Три македонски екипи денес ќе настапат во првото квалификациско коло за пласман во главната фаза во Лига Европа. Шкупи и Шкендија гостуваат во Азербејџан, а Ренова во Ерменија.

Шкендија за противник го има тимот на Сумгаит, а Шкупи ќе му гостува на Нефчи. Дуелите во Азербејџан ќе започнат во 18 часот. Во исто време екипата на Ренова во Ереван ќе игра против Алашкерт.

Покрај натпреварите во кои ќе играат тимовите од Македонија, во текот на денот во првото квалификациско коло ќе се одиграат уште 36 натпревари, одложен е само мечот помеѓу Макаби Хаифа и Железничар, бидејќи во тимот од БиХ имало неколкумина заразени со коронавирусот.

Scroll to Top