Top Sport

Шкендија се засили со португалски фудбалер

Фудбалскиот клуб Шкендија го промовираше најновото засилување. Станува збор за 25 годишниот Португалец, Алдаир Сапало Амаро Нето.

Нето во Шкендија дојде од Велс, каде настапувал во Бангор сити. Крилниот напаѓач со Шкендија потпишал договор до крајот на сезоната, а доколку покаже квалитет тогаш ќе добие договор и за наредната сезона.

Португалецот е третиот фудбалер што ја засили Шкендија во преодниот рок. Претходно договори со клубот потпишаа Ардин Далку и Валон Ахмеди.

фото/kfshkendija.com

Scroll to Top