Top Sport

Шкотска фудбалерка го намести изместеното колено и продолжи да игра (видео)

Капитенката на шкотскиот тим Сент Мирен, Џејн О’Тул покажа неверојатна смиреност, но и храброст, откако при еден старт на дуелот со Инвернес Каледонијан Тистл, доби изместено колено, кое со удари се обидуваше да го врати на место.

Кога судијата побара медицинска помош, таа наместо да излезе од игра, ги одигра сите 90 минути од мечот и покрај тоа што резултатот беше јасен – нејзиниот тим губеше со 6:0 кога се случи инцидентот.

„Каква девојка. Дислоцирано колено, го врати на место и продолжи да игра. Каков капитен, каква посветеност“, напишаа од Сент Мирен на социјалните мрежи.

Scroll to Top