Гордон Страхан веќе нема да е селектор на Шкотска, откако неговата репрезентација не успеа да се квалификува за Светското првенство во Русија со третото место во групата Ф зад Англија и Словачка.
Нерешениот дуел со 2:2 со Словенија во последното коло значеше дека Словачка ја помина Шкотска поради подобра гол разлика. Клучните натпревари во кои Шкотска загуби поени беа домашните ремија против Англија и Литванија.
„Кога станав селектор кажав дека тоа е најгордиот момент во мојата кариера и дека сакам да ја вратам насмевката на лицето на нацијата. И јас сум многу разочаран од неуспехот, посебно бидејќи бевме во добра позиција. Споделивме магични моменти и тие мемории ќе ми останат“, изјави 60-годишниот Страхан, кој беше на оваа позиција од јануари 2013 година.