Фудбалскиот клуб Шкупи, внедела ќе ја пречека Брегалница во домашното првенство. Клубот овој меч како домаќин ќе го одигра на стадионот во Куманово.
„Нашиот тим како домаќин в недела ќе ја пречека Брегалница, но поради зафатот на стадионот Чаир каде веќе неколку недели се санира тревнатиот терен, овој натпревар ќе го играме на стадионот на Башкими во Куманово“, објави клубот.
Исто така, клубот дополнително ќе информира каде ќе го пречека Охрид во рамките на осминафиналето на Купот на Македонија.