Top Sport

Шмахјел: Де Хеа уште мисли на Реал, затоа прави грешки

Давид де Хеа прави „премногу грешки“ во Манчестер јунајтед, признава легендарниот голман на „ѓаволите“, Петер Шмајхел, кој смета дека шпекулациите околу неговиот трансфер во Реал Мадрид уште го деконцентрираат претходно секогаш стабилниот Шпанец.

Последната грешка беше на неделниот меч против Евертон, кога Де Хеа несфатливо реши да ја шутира топката директно во ногата на Доминик Калверт-Луин и таа заврши зад неговиот гол. Статистиката вели дека дури седум гола кои ги примиле Јунајтед биле поради грешки на Де Хеа.

„Се работи за недостаток на концентрација. Во врвните клубови начинот на кој стигнуваш до титули и до резултати е да не предаваш ништо лесно. Во седум меча, седум грешки значат губење на многу поени, и тоа е премногу. Потребна му е подобра концентрација. Мислам дека разочарувањето што не отиде во Реал Мадрид тогаш го прави да се чувствува заробен во Јунајтед во тим кој се гради, тим кој не е сигурен во одбраната… Има многу работи кои му пречат“, вели Шмајхел.

Scroll to Top