Мартин Шмит си поднесе оставка од позицијата тренер на Волфсбург по само пет месеци на чело на „волците“.
50-годишниот Шмит го замени Андриес Јонкер на „Фолксваген арената“ во септември 2017 со двегодишен договор, но не успеа да донесе подобри резултати за клубот. Волфсбург се на 14. место во Бундеслигата, и ги очекува тешка борба за опстанок.
„Би сакале да му заблагодариме на Мартин Шмит за работата која ја заврши и му посакуваме сè најдобро, професионално и лично“, изјави генералниот директор на клубот, Тим Шумахер.