Top Sport

Шо: Санчо само нема среќа, ќе биде голема ѕвезда за Јунајтед

Лук Шо инсистира дека неговиот нов соиграч во Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо не се мачи со својата форма и верува дека тој ќе стигне „до самиот врв“ на светиот фудбал.

21-годишниот Санчо го комплетираше долгоочекуваниот трансфер од 73 милиони фунти од Борусија Дортмунд, потпишувајќи петгодишен договор со Јунајтед, но засега во првите осум настапи нема постигнато ниту гол, ниту асистенција, навикнувајќи се на премиерлигашкиот фудбал кој е различен од тој во Бундеслигата.

Шо признава дека среќата не го послужила Санчо, но дека видел доволно на тренинзите и мечевите да биде сигурен дека тој наскоро ќе биде во топ-форма.

„Понекогаш е потребно време. Не би кажал дека се мачи со формата, бидејќи не го гледам тоа. Работи напорно и изгледа многу опасно. Само ја немаше таа среќа која понекогаш ти е потребна за првиот гол или асистенција. Но, јас немам никаков сомнеж, ннеговиот талент е неверојатено и може да стигне до врвот. Неговото време доаѓа“, вели Шо.

Scroll to Top