Top Sport

Шо: Сите ја прифативме филозофијата на Тен Хаг, потребно е да го кренеме стандардот

Лук Шо вели дека сите фудбалери на Манчестер јунајтед уживаат во работата со новиот менаџер Ерик Тен Хаг, но додава дека во клубот мора да се крене стандардот за да се прекине постот без трофеј, кој трае веќе пет години.

Пред минатата сезона, очекувањата на „Олд Трафорд“ беа тие конечно да влезат во битката за премиерлигашката титула, но наместо тоа сезоната беше одбележана со отказот за Оле Гунар Солскјер и очајното шесто место на табелата. Сега, пред новата сезона, очекувањата на навивчите се далеку пореални, со главна цел да почне да се гради тим со идентитет под Ерик Тен Хаг.

„Мислам дека тимот оди во вистинска насока. Менаџерот дојде со свои идеи, своја структура и свои побарувања од секој од нас. Мислам дека сите се задоволни од таа игра и мораме да бидеме уште подобри. Знаеме дека не бевме на нивото кое е потребно во Јунајтед. Секогаш мора да имаме висока цел, и тоа значи да се освојуваат трофеи. Помина многу време“, вели Шо.

Scroll to Top