Top Sport

Шок на „Камп Ноу“: Ајнтрахт има два гола предност на полувреме

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт има убедливо водство (0:2) на „Камп Ноу“ по првото полувреме против Барселона, на реванш натпреварот од четврт-финалето во Лигата на Европа. Најголемиот фаворит за освојување на трофејот е пред елиминација, доколку не ја покаже класата во вторите 45 минути.

Филип Костиќ во четвртата минута донесе водство за гостите од пенал, а Рафаел Боре во 36.минута зголеми на 0:2.

Идентична предност имаат и Вест Хем на гости против Лион, како и Глазгов Ренџерс против Брага.

Scroll to Top