Top Sport

Шокантен пораз за Ибрахимовиќ и друштвото (Видео)

Златан Ибрахимовиќ и ЛА Галакси нема да играа во плејофот, во американската МЛС лига. Галакси, во последното коло во регуларниот дел од сезоната, со неверојатен пресврт беа поразени од Хјустон 2:3.

Само победа над Хјустон ги водеше ЛА Галакси во разигрувањето за титулата. Токму поради тоа Ибрахимовиќ и соиграчите од стартот го притиснаа противникот и со двата гола на Камара во 27. и 30.минута обезбедија голема предност 2:0.

Во второто полувреме Хјустон одговори на вистински начин, а пресвртот го најави Киото намали на 1:2. Петнаесет минути подоцна Манотас од пенал израмни на 2:2, а истиот играч во 79.минута го комплетираше пресвертот.

https://twitter.com/AZLIYAHYA1/status/1056759970392227840

Scroll to Top