Претседателот на Рома, Џејмс Палота, имаше мало шоу пред новинарите, откако Рома во Арлингтон, САД, ја победи Барселона со 4:2.
Рома е најактивниот клуб во текот на преодниот рок, кој се уште не е завршен за „волчицата“ бидејќи со клубот се поврзуваат уште неколку фудбалери.
„Нзонзи е ѕвер, а кога станува збор за Сусо ќе го купиме доколку постои можност, но во моментов не ни е потребен уште еден крилен фудбалер“, рекол Палота.
Првиот човек на Рома го коментирал и трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус.
„Тој е неверојатен фудбалер, но многу потешко ќе му биде играњето во Италија“, рекол Палота, а потоа на новинарите им приредил шоу.
„Дали ние ќе донесеме играч од светска класа? Па ние веќе преговараме со Барселона околу трансферот на Меси“, се пошегувал првиот човек на Рома.