Top Sport

Шоу на Запата на „Дачија арена“

Аталанта победи на „Дачија арена“ во Удине со 3:1, ја прекина серијата од осум натпревари на кои немаше победа над овој противник и се искачи на шестото место на табелата.

Вистинско шоу потив Удинезе имаше напаѓачот од Колумбија, Дуван Запата, кој постигна хет-трик. Запата првиот гол го постигна по само 120 секунди игра, а во вториот дел со два гола ја запечати победата на својот тим. Голот за домашниот тим го постигна Кевин Лазања по 12 минути игра, кога успеа да израмни на 1:1.

На останатите две средби Парма и Киево ремизираа 1:1, додека Емполи ја победи Болоња со 2.1.

Scroll to Top