УЕФА даде зелено светло натпреварите во европските купови да се играат пред ограничен број на гледачи, но сепак последниот збор го имаат државите.
Веќе е познато дека без публика ќе се игра натпреварот помеѓу Баерн и Атлетико Мадрид во Минхен, бидејќи градските власти не дозволија присуство на публика.
Шпанците донесоа уште поригорозна мерка, во оваа држава нитуе еден натпревар во фазата по групи во Лигата на шампионите и во Лига Европа до крајот на годината нема да се игра пред публика.
Шпанија има четири претставнци во Лигата на шампионите (Барселона, Атлетико, Реал и Севиља) и три тима во Лига Европа (Виљареал, Реал Сосеиада и Гранада).
Шпанската влада за оваа одлука ја известила УЕФА.