Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике најде оригинален начин да го крене духот на своите играчи, откако пред стартот на квалификациите за ЕП против Норвешка во сабота ја собра репрезентацијата на пеинтбол.
Наместо тренинг со топка и без неа, репрезентативците облекоа војничка опрема и развиваа тактика на чело со капитенот Серхио Рамос.