Top Sport

Шпанците се најскапата фудбалска селекција на ОИ во Токио

Фудбалскиот турнир на ОИ во Токио се игра од 22 јули до 7 август, ќе учествуваат 16 селекции кои ќе бидат распоредени во 4 групи.

Според мислењето на многумина, Шпанија е фаворит за златото, а факт повеќе за ваквото тврдење е што „Фуријата“ во Токио ќе е со состав вреден 563 милиони евра.

Друга највредна селекција на олимпискиот турнир е Бразил која е дури 200 милиони евра „поефтина“, па следуваат Германија со 128,3 милиони евра, Аргентина (128.1) и Франција (121.5).

„Црвената фурија“ ќе ја предводи младата ѕвезда на Барселона – Педри, но тука ќе бидат и Марко Асенсио, Микел Ојарзабал, Дани Олмо, Пау Торез и Унаи Симон.

Бразилскиот селектор на располагање ќе ги има Ричарлисон, матеус Куња, Малком, Реинер и капитенот, Дани Алвеш.

Scroll to Top