Шпанската фудбалска федерација со 500 милиони евра ќе ги решава финансиските проблеми со кои се соочуваат клубовите поради пандемијата со коронавирусот. Шпанските медиуми пренесуваат дека клубовите имаа проблем со ликвидноста.
Парите на федерацијата ќе бидат наменети за клубовите кои во ваква ситуација не можат да заработат од продажбата на телевизиските права.
Рокот на отплата на долговите ќе биде пет години.
Исто така Шпанската фудбалска федерација објави дека со сума од четири милиони евра ќе им помогне на женските и аматерските фудбалски клубови.